Beko RDM 6106 Appliance Trim Kit User Manual


 
МК
6
Не преполнувајте го ладилникот со
прекумерна количина храна. Ако го
преполните, храната може да падне
и да ве повреди и да го оштети
ладилникот кога ја отворате вратата.
Никогаш не ставајте предмети врз
ладилникот. Во спротивно, овие
предмети може да паднат кога ја
отворате или затворате вратата на
ладилникот.
Вакцините, лековите што се осетливи
на топлина, истражувачките
материјали и слично не смее да се
чуваат во ладилникот бидејќи бараат
прецизна температура.
Ладилникот треба да се исклучи од
струја ако не се користи долго време.
Можен проблем со кабелот може да
предизвика пожар.
Клемите на приклучокот треба да се
чистат редовно. Во спротивно, може
да предизвикаат пожар.
Клемите на приклучокот треба да
се чистат редовно со сува крпа. Во
спротивно, може да предизвикаат
пожар.
Ладилникот може да се мрда
ако прилагодливите ногарки не
се правилно поставени на подот.
Ладилникот нема да се мрда
со правилно обезбедување на
прилагодливите ногарки на подот.
Не држете го ладилникот за рачката
на вратата кога го транспортирате. Во
спротивно, може да се скрши.
Кога треба да го поставите
производот до друг ладилник или
замрзнувач, растојанието меѓу нив
треба да биде најмалку 8 цм. Во
спротивно, соседните ѕидови може да
фатат влага.
Кај производи со
диспензер за вода
Притисокот на доводот на водата
мора да биде минимум 1 бар.
Притисокот на доводот на водата
мора да биде максимум 8 бари.
Користете само вода за пиење.
Безбедност за деца
Ако вратата има брава, клучот треба
да се чува далеку од дофатот на
децата.
Децата мора да се надгледуваат
за да се спречи тие да си играат со
ладилникот.
HCA-Предупредување
Ако системот за разладување на
производот содржи R600a:
Овој гас е запалив. Затоа, треба са се
обрне внимание да не се оштетуваат
системот за ладење и цевководите
при употреба и транспорт. Во случај
на оштетување, чувајте го производот
настрана од можни извори на оган што
може да предизвикаат негово палење и
вентилирајте ја просторијата каде што
е сместен.
Игнорирајте го ова предупредување
ако системот за ладење на
производот содржи R134a.
Типот на гас што се користи во
производот е посочен на плочката на
левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не фрлајте го производот во
оган.