Beko RDM 6106 Appliance Trim Kit User Manual


 
МК
10
Замена на внатрешната
светилка за осветлување
Ако нема светло, исклучете го
приклучокот од напојување и извлечете
го. Следете ги упатствата подолу за
да проверите дали сијаличката се
разлабавила.
Ако сијаличката сепак не работи,
купете замена Е14 од 15 Вати
(максимум) од локалната продавница и
потоа наместете ја како што следи:
1. Исклучете го приклучокот од
напојување и извлечете го. Веројатно
ќе ви биде полесно ако ги извадите и
полиците за полесен пристап.
2. Извадете го капакот на сијаличката
како што е прикажано на сликата (a-b).
3. Заменете ја прегорената сијаличка.
4. Наместете го капакот за сијаличката
како што е прикажано на сликата (c).
Прилагодување на
ногарките
Ако ладилникот не е избалансиран
Може да го избалансирате ладилникот
со вртење на предните ногарки како
што е прикажано на сликата. Аголот
каде што има ногарка, се спушта
кога вртите во правец на црната
стрелка и се подигнува кога вртите во
спротивната насока. Ако некој би ви
помогнал со делумно подигнување
на ладилникот, тоа ќе ви ја олесни
работата.
„Притиснете силно за да се намести
капакот правилно.“
5. Фрлете ја прегорената сијаличка
веднаш.
„Замената на електричната сијаличка
многу лесно може да ја направи и
добар еклектичар или сервисер.“