Beko RDM 6126 Appliance Trim Kit User Manual


 
МК
4
2 Важни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги следните информации.
Непочитувањето на овие информации
може да предизвика повреди или
материјална штета. И гаранцијата и
заложбите за доверливост нема да
бидат важечки.
Работниот век на купениот производ
е 10 години. Во текот на овој период
треба да се чуваат потребните
резервни делови за да може да работи
производот како што е опишано.
Наменета употреба
Овој производ е наменет да се
користи
во затворени простории како што се
домови,
во затворени работни средини како
што се продавници и канцеларии,
во затворени простории за
сместување како што се објекти на
селскиот туризам, хотели, пансиони.
• Овој производ не смее да се користи
на отворено.
Општа безбедност
Ви препорачуваме да се консултирате
со локалниот авторизиран сервис и
со овластените институции за да ги
добиете неопходните информации
кога ќе сакате да го фрлите /
одложите производот.
Консултирајте се со овластен
сервис за сите прашања и проблеми
поврзани со ладилникот. Не
интервенирајте ниту не пуштајте друг
да интервенира на ладилникот без да
го известите овластениот сервисер.
За производите од одделот на
замрзнувачот - не јадете сладолед
во корнет или коцки мраз веднаш по
вадење од одделот за замрзнување!
(Може да предизвикате смрзнатини
на устата.)
За производите во одделот на
замрзнувачот - не ставајте пијалаци
во шише или конзерва во одделот
на замрзнувачот. Инаку, тие може да
пукнат.
Не допирајте ја замрзната храна со
рака, може да ви се залепи за раката.
Исклучете го ладилникот од струја
пред чистење или одмрзнување.
Испарувачи и материјали за чистење
што испаруваат не смее никогаш да
се користат за чистење и за процесот
на одмрзнување на ладилникот. Во
тие случаи, испарувањето може да
дојде во контакт со електричните
делови и да предизвика краток спој
или електричен удар.
Никогаш не користете делови од
ладилникот како што е вратата за
потпора или расчекор.
Не користете електрични уреди во
внатрешноста на ладилникот.
Не оштетувајте ги деловите каде што
циркулира фреонот со дупчалки или
алатки за сечење. Фреонот може
да прсне и може да предизвика
иритација на кожата и повреда на
очите кога ќе се дупнат каналите за
испарувањата, продолжетоците на
цевките или површинските премази.
Не покривајте ги или не блокирајте
ги отворите за вентилација на
ладилникот со каков било материјал.
Електричните делови мора да ги
поправи само овластено лице.
Поправките што ги извршиле
некомпетентни лица може да
предизвикаат ризик за корисникот.
Во случај на грешка при работа или
во текот на одржување или поправка,
исклучете го ладилникот од довод на
ел. енергија со тоа што ќе го извадите
соодветниот осигурувач или ќе го
извлечете кабелот.