МК
9
10. Предните рабови на ладилникот
може да се малку топли. Тоа е
сосема нормално. Овие области се
дизајнирани да бидат топли за да се
спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го производот во заземјен
штекер што е заштитен со осигурувач
со соодветен капацитет.
Важно:
• Поврзувањето мора да биде
усогласено со државните регулативи.
• Приклучокот на кабелот за
напојување мора да биде лесно
достапен по приклучувањето.
• Посочениот напон мора да биде
еднаков на напонот на напојувањето.
• Не смее да се користат продолжни
кабли и приклучоци со повеќе
влезови.
B Квалификуван електричар мора
да го замени оштетениот кабел за
напојување.
B Производот не смее да работи пред
да се поправи! Постои ризик од
електричен удар!
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен
за децата. Чувајте го материјалот
за пакување подалеку од дофат на
децата или фрлете го класифицирајќи
го во согласност со упатствата за
фрлање отпад. Не фрлајте го заедно со
редовниот домашен отпад.
Пакувањето на ладилникот е
произведено од рециклирачки
материјали.
Фрлање на стариот
ладилник
Фрлете го стариот ладилник без да
направите штета за животната средина.
• Консултирајте се со овластениот
застапник или со центар за собирање
отпад во вашата општина за тоа како
да го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот, исечете
го кабелот за напојување и, ако има
брави на вратата, искршете ги за да
ги заштитите децата од каква било
опасност.
Поставување и поврзување
A Ако влезната врата на просторијата
каде што треба да се смести
ладилникот не е доволно широка за да
може тој да помине, тогаш повикајте
го овластениот сервис да ги извади
вратите на ладилникот и тогаш,
поминете го ладилникот низ вратата
странично.
1. Поставете го ладилникот на место
кое овозможува лесна употреба.
2. Поставете го ладилникот подалеку
од извори на топлина, влажни места
или директна сончева светлина.
3. Мора да има соодветна воздушна
вентилација околу ладилникот со цел
да се постигне ефикасна работа.
Ако ладилникот треба да се постави
во вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора
да има најмалку 5 цм. растојание од
таванот и најмалку 5 цм од ѕидот.
Ако на подот има килим, ладилникот
мора да е подигнат од подот за 2.5 цм.
4. Поставете го ладилникот на рамни
подови за да се спречи нишање.
5. Не чувајте го ладилникот
во простории со амбиентална
температура под 10°C.