Blomberg KND 9861 XA++ Refrigerator User Manual


 
МК
15
Предупредување за отворена
врата
Ќе слушнете звучен сигнал за
предупредување кога вратата на
ладилникот е оставена отворена барем
една минута. Овој сигнал ќе престане
да се огласува кога ќе се притисне
кое било копче или кога ќе се затвори
вратата.
Двоен систем за ладење:
Ладилникот е опремен со два
засебни системи за ладење за да се
разладуваат одделот за свежа храна
и одделот на замрзнувачот. Така,
воздухот во одделот за свежа храна и
во одделот за замрзнување нема да
се мешаат. Благодарение на овие два
засебни системи за ладење, брзината
на разладување е многу поголема
отколку кај другите ладилници.
Миризбите во одделите не се мешаат.
Обезбедено е и дополнително
штедење на енергијата бидејќи
одмрзнувањето се изведува засебно.
Прилагодување
на одделот на
замрзнувачот
Прилагодување
на одделот на
ладилникот
Објаснувања
-18°C 4°C
Ова е нормална, препорачана поставка.
-20,-22 или -24°C
4°C
Овие поставки се препорачуваат кога
амбиенталната температура надминува
30°C.
Брзо замрзнување
4°C
Кога сакате да ја замрзнете храната за
кратко време. Ладилникот ќе се врати
во претходниот режим кога процесот ќе
заврши.
-18°C или поладно
2°C
Ако мислите дека одделот на ладилникот не
е доволно студен заради жешки временски
услови или често отворање и затворање на
вратата.
-18°C или поладно
Брзо ладење
Може да го користите кога одделот на
ладилникот е преполнет или ако сакате да
ја изладите храната бргу. Се препорачува
да ја активирате функцијата за брзо ладење
4-8 часа пред да ја ставите храната.