Blomberg KND 9861 XA++ Refrigerator User Manual


 
МК
18
Повеќе-наменска хигиена
Се состои од 3 главни заштитни
системи.
Хигиена+: Фото-катализаторскиот
филтер во каналот за воздух на
ладилникот помага при чистење на
внатрешниот воздух. Овој филтер ги
намалува и лошите миризби.
Сребро+: Внатрешните површини на
ладилникот и фиоките за свежа храна
имаат анибактериски одлики заради
сребрената состојка. Затоа, бактериите
не можат да се размножуваат на овие
површини. Така, бактериите нема да
создаваат непријатната миризба на
површините.
Јон+: Јонизаторот, тоа е каналот за
воздух на ладилникот, го јонизира
воздухот. Со помош на овој систем, се
намалуваат затекнатите бактерии и
ложите миризби што потекнуваат од
овие бактерии.
Уред за правење мраз и сад
за чување мраз
Употреба на уредот за правење мраз
* Наполнете го садот на уредот за мраз
со вода и ставете го на неговото место.
Мразот ќе се создаде по приближно
два часа. Не вадете го уредот за мраз
од лежиштето за да земете мраз.
* Свртете ги копчињата во правецот на
стрелките на часовникот за 90 степени.
Коцките мраз од разделениот сад
ќе паднат во садот за чување мраз
подолу.
* Може да го земете садот за чување
мраз и да се послужите со коцките
мраз.
* Ако сакате, може да ги чувате коцките
мраз во садот.
Сад за чување мраз
Садот за чување мраз е наменет само
за собирање коцки мраз. Не ставајте
вода во него. Ќе се скрши.
Нула температура во одделот
Овој оддел е дизајниран да складира
замрзната храна што треба да се
растопува полека (месо, риба, пиле,
итн.) Одделот со нула температура е
најладното место во ладилникот во кој
млечните производи (сирење, путер),
месо, риба или пиле може да се чуваат
во идеални услови. Зеленчукот и/или
овошјето не смее да се ставаат во овој
оддел.