Blomberg KND 9861 XA++ Refrigerator User Manual


 
МК
16
Замрзнување свежа храна
Се претпочита храната да се завитка
или покрие пред да се стави во
ладилникот.
Врела храна мора прво да се излади
на собна температура пред да се
стави во ладилникот.
Храната што сакате да ја замрзнете
мора да биде свежа и со добар
квалитет.
Храната мора да се подели во порции
во согласност со дневните потреби
на семејството или со потребите за
консумирање месо.
Храната мора да биде спакувана
со истиснат воздух за да се спречи
исушување дури и кога ќе се чува
краток период.
Материјалите што ќе се употребат
за пакување на храната мора да
се отпорни на кинење и отпорни
на ладно, влага, миризби, масла
или киселини и со истиснат воздух.
Понатаму, мора да бидат добро
затворени и мора да се изработени
од материјали што се лесни за
употреба и соодветни за употреба во
длабоко замрзнување.
Храната што треба да се замрзне
мора да се стави во одделот за
замрзнување. (Не смее да дојде
во контакт со претходно замрзнати
ставки за да се спречи делумно
растопување. Капацитетот на
замрзнување на производот е даден
во техничките спецификации на
ладилникот.)
Дадените периоди во информацијата
за длабоко замрзнување мора да се
почитуваат во однос на времето на
чување.
Замрзната храна мора да се употреби
веднаш по растопување и не смее
повторно да се замрзнува.
Следете ги следните упатства за да
ги постигнете најдобрите резултати.
1. Не замрзнувајте премногу големи
количини храна одеднаш. Квалитетот
на храната најдобро се зачувува кога
се замрзнува целосно колку што е
можно поскоро.
2. Ставање топла храна во одделот за
замрзнување предизвикува системот
за ладење да работи постојано додека
не се замрзне храната целосно.
3. Особено внимавајте да не мешате
веќе смрзната храна и свежа храна.
Препораки за зачувување на
смрзната храна
Купената спакувана замрзната храна
треба да складира во согласност
со упатството на производителот за
замрзната храна во одделот
за складирање смрзната храна ( 4
ѕвездички).
За да го одржите најдобриот квалитет
што го постигнал производителот
на замрзната храна, треба да го
запомните следново:
1. Ставете ги пакувањата во ладилникот
колку што е можно побргу по купување.
2. Проверете дали пакувањето е
обележано и има датум.
3. Не надминувајте ги датумите на
пакувањето „Да се употреби до“ и „Рок
на употреба“.
Ако снема струја, не отворајте ја
врата на замрзнувачот. Дури и ако
нема струја до поставеното „Време
за зголемување на температурата“ во
одделот за „Технички спецификации на
ладилникот“, тоа нема да повлијае на
замрзнатата храна. Во случај кога нема
струја подолго време, храната мора да
се провери и кога ќе биде неопходно,
мора да се консумира веднаш или мора
да се замрзне откако ќе се зготви.
Одмрзнување
Одделот на замрзнувачот се одмрзнува
автоматски.