Blomberg KND 9861 XA++ Refrigerator User Manual


 
МК
22
Бучава слична на звукот на секундарнарникот што се слуша кај аналогниот часовник
се слуша од ладилникот.
Ова бучава доаѓа од соленоидниот вентил на ладилникот. Функциите на
соленоидниот вентил, за да може фреонот да минува низ одделот, може да се
прилагодуваат на температури за ладење или замрзнување или да извршуваат
функции за ладење. Ова е нормално и не е дефект.
Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот.
Карактеристиките за работата на ладилникот се менуваат соодветно на промените во
амбиенталната температура. Тоа е нормално и не е грешка.
Вибрации или бучава.
Подот не е рамен или е многу слаб. Ладилникот се ниша кога ќе се помести малку.
Проверете дали подот е рамен, цврст и може да го држи ладилникот.
Бучавата може да се предизвикува и од работите што се ставени врз ладилникот. Тие
предмети треба да се тргнат од ладилникот.
Има бучава што наликува на истурање вода или шиштење.
Течните и гасните звуци се случуваат заради работните принципи на ладилникот. Тоа
е нормално и не е грешка.
Има бучава како да дува ветер.
Активаторите за воздух (вентилаторите) се користат за да може ладилникот да лади
ефикасно. Тоа е нормално и не е грешка.
Има кондензација на внатрешните ѕидови на ладилникот.
Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е
нормално и не е грешка.
Вратите се подотворени. Обезбедете вратите да се секогаш добро затворени.
Вратите веројатно се отворале многу често или биле оставени отворени подолг
период. Отворајте ја вратата поретко.
Влага се појавува на надворешноста на ладилникот или меѓу вратите.
Климата е влажна. Ова е нормално за влажна клима. Кога ќе се намали влагата, ќе
исчезне и кондензацијата.
Има лоша миризба во ладилникот.
Внатрешноста на ладилникот мора да се исчисти. Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот со сунѓер, топла вода или карбонизирана вода.
Некои садови или материјали за пакување веројатно го предизвикуваат мирисот.
Употребете друг сад или материјал за пакување од друг производител.
Вратата(ите) не се затвора(ат).
Спакуваната храна може да го попречува затворањето на вратите. Преместете ја
спакуваната храна што ја попречува вратата.
Ладилникот веројатно не е поставен целосно вертикално на подот и се ниша кога
малку ќе се потурне. Прилагодете ги шрафовите за подигнување.
Подот не е рамен или цврст. Проверете дали подот е рамен и може да го држи
ладилникот.
Фиоките се заглавени.
Храната веројатно го допира плафонот на фиоката. Прераспределете ја храната во
фиоката.