Beko GNE 60520 DX Refrigerator User Manual


 
МК
8
3 Поставување
C Имајте предвид дека производителот
нема да биде одговорен ако не се
почитуваат информациите коишто се
дадени во упатството за работа.
Работи што треба да се
имаат во предвид кога го
транспортирате ладилникот
1. Ладилникот мора да се испразни и
исчисти пред каков било транспорт.
2. Полиците, дополнителната опрема,
фиоките и сл. во ладилникот мора
безбедно да се зацврстат со лента за
лепење за да се спречи нишање пред
повторно пакување.
3. Пакувањето мора да се зацврсти
со дебели ленти и цврсти јажиња,
а правилата што се отпечатени на
пакувањето мора да се почитуваат.
C Секогаш имајте на ум...
Секој рециклирачки материјал е
неопходен извор за природата и за
нашите природни ресурси.
Ако сакате да придонесете при
рециклирање на материјалите за
пакување, може да добиете повеќе
информации од овластените лица за
животна средина или од локалната власт.
Пред вклучување на
ладилникот
Пред да почнете да го употребувате
ладилникот, проверете го следново:
1. Дали е внатрешноста на ладилникот
сува и дали може воздухот да
циркулира слободно од задната
страна?
2. Може да поставите 2 пластични клина
за вентилација како што е прикажано
на сликата. Пластичните клинови ќе го
обезбедат неопходното растојание меѓу
ладилникот и ѕидот за да се овозможи
циркулација на воздухот. (Илустрацијата
е само пример и не соодветствува во
целост со производот).
3. Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот како што е препорачано
во поглавјето „Одржување и
чистење“.
4. Вклучете во ладилникот во приклучок
за струја. Кога вратата е отворена,
соодветното внатрешно осветлување
ќе се вклучи.
5. Ќе слушнете бучава кога ќе се вклучи
компресорот. Течноста и гасовите
затворени во системот на ладилникот
ја зголемуваат бучавата, без оглед
дали компресорот е вклучен или не,
тоа е сосема нормално.
6. Предните рабови на ладилникот
може да се малку топли. Тоа е
сосема нормално. Овие области се
дизајнирани да бидат топли за да се
спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го ладилникот во заземјен
штекер што е заштитен со осигурувач
со соодветен капацитет.
Важно: