Beko GNE 60520 DX Refrigerator User Manual


 
МК
29
1. Ставете ги пакувањата во ладилникот
колку што е можно побргу по
купување.
2. Проверете дали пакувањето е
обележано и има датум.
3. Не надминувајте ги датумите на
пакувањето „Да се употреби до“ и
„Рок на употреба“.
Одмрзнување
Одделот на замрзнувачот се одмрзнува
автоматски.
Ставање храна
Полици во
одделот на
замрзнувачот
Разна замрзната
храна како што
се месо, риба,
сладолед, зеленчук,
итн.
Тацна за јајца Јајце
Полици во
одделот на
ладилникот
Храна во тави,
покриени чинии и
затворени садови
Полици на
вратата во
одделот на
ладилникот
Мала и спакувана
храна или пијалаци
(како што се млеко,
сок или пиво)
Свежа храна Зеленчук и овошје
Оддел за
одржување
свежина
Деликатесни
производи (сирење,
путер, салама, итн.)
Информации за длабоко
замрзнување
Храната мора да се замрзне што е
можно поскоро кога ќе се стави во
ладилникот за да се одржи добриот
квалитет.
Нормативите TSE бараат (според
одредени мерни услови) ладилникот
да замрзнува најмалку 4.5 кг. храна
на 32°C амбиентална температура до
-18°C или помалку во рок од 24 часа на
секои 100 литри замрзнувачки волумен.
Можно е да се чува храната подолг
период само на -18°C или на пониски
температури.
Може да ја одржувате свежината на
храната повеќе месеци (на -18°C
или пониски температури во длабоко
замрзнување).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! A
• Храната мора да се подели во порции
во согласност со дневните потреби
на семејството или со потребите за
консумирање месо.
• Храната мора да биде спакувана
со истиснат воздух за да се спречи
исушување дури и кога се чува за
краток период.
Материјали што се неопходни за
пакување:
• Лента за лепење што е отпорна на
ладно
• Самолеплива лента
• Гумени ластичиња
• Стегачи
Материјалите што ќе се употребат
за пакување на храната мора да се
отпорни на кинење и отпорни на ладно,
влага, миризби, масла или киселини.
Храната што треба да се замрзне не
смее да дојде во контакт со претходно
замрзнати ставки за да се спречи
делумно растопување.
Замрзната храна мора да се употреби
веднаш по растопување и не смее
повторно да се замрзнува.