Beko GNE 60520 DX Refrigerator User Manual


 
МК
14
Поврзување на
водоводното црево за
довод на ладна вода
(кај некои модели)
Ако сакате да го користите ладилникот
со поврзување со довод на ладна вода,
мора да поврзете стандарден дихтунг
од 1/2“ за поврзување на вентилот
за довод на ладна вода во куќата.
Ако овој вентил не постои или кога
не сте сигурни, консултирајте се со
водоинсталатер.
1. Одвојте ја спојката од адаптерот на
чешмата. (слика А)
2. Поставете адаптер за чешма до
дихтунг на вентил од 1/2“ како што е
прикажано на сликата. (слика Б)
3. По поставување на водоводното
црево за спојката, поставете го на
адаптерот на чешмата и вметнете го
на чешмата како што е прикажано на
сликата. (слика В)
4. Затегнете ја спојката цврсто.
Употребете рачвест клуч или клешти
за затегнување на спојката во случај
на протекување.
A Внимание: Обезбедете ја
водоводната цевка на соодветни места
со помош на стегалки за цревото за да
се избегне оштетување, изместување
или случајно извлекување.
A Внимание: По вклучување на
вентилот за вода, проверете дали
негде протекува на двете точки на
поврзување на водоводното црево.
Веднаш затворете го вентилот и
затегнете ги сите споеви со помош на
рачвест клуч или клешти во случај на
протекување.