Beko GNE 60520 DX Refrigerator User Manual


 
МК
26
Телескопска фиока
Обратете внимание да не зафатите
ниеден дел на телото, како рацете,
стапалата и слично меѓу подвижните
делови додека се користи фиоката за
да избегнете повреда.
Може да го извадите делот на фиоката
како што е прикажано кога ќе сакате да
го исчистите.
Може да ги вадите фиоките само кога
треба да се исчистат. Не е можно
да ги групирате фиоките откако ќе
ги наполните со храна штом ќе ги
извадите.
Двоен систем за ладење:
Ладилникот е опремен со два
засебни системи за ладење за да се
разладуваат одделот за свежа храна
и одделот на замрзнувачот. Така,
воздухот во одделот за свежа храна и
во одделот за замрзнување нема да
се мешаат. Благодарение на овие два
засебни системи за ладење, брзината
на разладување е многу поголема
отколку кај другите ладилници.
Миризбите во одделите не се мешаат.
Обезбедено е и дополнително
штедење на енергијата бидејќи
одмрзнувањето се изведува засебно.