МК
28
Прилагодување
на одделот на
замрзнувачот
Прилагодување
на одделот на
ладилникот
Објаснувања
-18°C 4°C Ова е нормална, препорачана поставка.
-20-22 или -24°C 4°C
Овие поставки се препорачуваат кога
амбиенталната температура надминува 30°C.
Брзо замрзнување
4°C
Кога сакате да ја замрзнете храната за кратко
време. Ладилникот ќе се врати во претходниот
режим кога ќе заврши процесот.
-18°C или поладно 2°C
Ако мислите дека одделот на ладилникот не е
доволно студен заради жешки временски услови
или често отворање и затворање на вратата.
-18°C или поладно Брзо ладење
Може да го користите кога одделот на
ладилникот е преполнет или ако сакате да ја
изладите храната бргу. Се препорачува да ја
активирате функцијата за брзо ладење 4-8 часа
пред да ја ставите храната.
Замрзнување свежа храна
• Се претпочита храната да се завитка
или покрие пред да се стави во
ладилникот.
• Врела храна мора прво да се излади
на собна температура пред да се
стави во ладилникот.
• Храната што сакате да ја замрзнете
мора да биде свежа и со добар
квалитет.
• Храната мора да се подели во порции
во согласност со дневните потреби
на семејството или со потребите за
консумирање месо.
• Храната мора да биде спакувана
со истиснат воздух за да се спречи
исушување дури и кога ќе се чува
краток период.
• Материјалите што ќе се употребат
за пакување на храната мора да
се отпорни на кинење и отпорни
на ладно, влага, миризби, масла
или киселини и со истиснат воздух.
Понатаму, мора да бидат добро
затворени и мора да се изработени
од материјали што се лесни за
употреба и соодветни за употреба во
длабоко замрзнување.
• Замрзната храна мора да се употреби
веднаш по растопување и не смее
повторно да се замрзнува.
• Следете ги следните упатства за да
ги постигнете најдобрите резултати.
1. Не замрзнувајте премногу големи
количини храна одеднаш. Квалитетот
на храната најдобро се зачувува кога
се замрзнува целосно колку што е
можно поскоро.
2. Ставање топла храна во одделот за
замрзнување предизвикува системот
за ладење да работи постојано
додека не се замрзне храната
целосно.
3. Особено внимавајте да не мешате
веќе смрзната храна и свежа храна.
Препораки за зачувување
на смрзната храна
• Купената спакувана замрзната храна
треба да складира во согласност
со упатството на производителот за
замрзната храна во одделот
за складирање смрзната храна ( 4
ѕвездички).
• За да го одржите најдобриот квалитет
што го постигнал производителот
на замрзната храна, треба да го
запомните следново: